Актерот Чарли Шин, кој неодамна потврди дека е ХИВ позитивен, побара 10 милиони долари за да напише книга за себе. Ќе ги открие сите досега скриени детали од својот бурен живот, но цената ќе биде голема. Неговиот менаџер вели дека бројни издавачи веќе го затрпаа со понуди, бидејќи се сигурни како неговата животна приказна ќе биде вистински хит.
Пишувањето на мемоарите нема да биде никаков проблем за Чарли. Имено, во една прилика се пофали со својот исклучителен талент за пишување, велејќи дека е волшебен и дека во неговите прсти има поезија. Но, со пишувањето ќе треба да побрза, бидејќи наскоро неговата страна од приказната би можела да изгуби на вредност. Издавачите откриваат дека има многу луѓе кои сакаат да ја објават неговата приказна, како порно ѕвезди, поранешни телохранители, негови вработени и други луѓе кои му биле блиски.