Холивудскиот актер Чарли Шин ќе го глуми американскиот претседател во филмот на Роберт Родригез “Machete Kills”. Родригез на својот Твитер налог објавил дека штотуку го избрал Чарли за улогата на американскиот претседател. Во продолжението на филмот „Мачета“ од 2010 година ќе игра и Мел Гибсон.

Дени Трехо ќе ја репризира својата улога, во која овој пат ќе биде најмен од американската влада да пронајде трговец со оружје од Мексико пред да лансира напад од вселената. Филмот “Machete Kills” во кината би требало да се појави во 2013 година.