Иако Чарли Шин во јавноста е познат како исклучително проблематичен човек, актерот неодамна покажал и друга страна од својата личност. Наводно на колешката Линдзи Лохан, со која се зближил на снимањето на филмот „Страшен филм 5“, и дал пари како би ги исплатила долговите.
На Линдзи Лохан и пристигнал чек од 100 илјади долари, со неговиот потпис и порака дека се надева како барем малку ќе и ја олесни финансиската ситуација. Таа на име данок должи повеќе од 230 илјади долари, а неговиот чек покрил речиси половина од долгот.