Односот на двајцата поранешно сопружници, Чарли Шин и Дениз Ричардс бил многу бурен. Меѓутоа, после разводот, двајцата актери се сложуваат подобро од било кога. Неодамна во едно интервју Дениз Ричардс зборувала за својот моментален однос со поранешниот сопруг, проблематичниот актер Чарли Шин.

Дениз рекла дека биле како рогови во вреќа, но со тек на време станале како брат и сестра. Додала дека се се средило и дека најсреќни биле кога времето го минувале заедно со своите деца. Според неа, сега функционирале како едно вистинско среќно семејство, единствено што биле разведени.