Со нетрпение очекуваното прво шоу на Чарли Шин ги разочарало фановите до таа мера што сите станале и барале да им се вратат парите кои ги платиле. Иако настапот започнал со зборовите „Ова е ноќ за победа“, набрзо се тргнало во обратна насока, па актерот дури и почнал да се кара со публиката која му свиркала.


Тој на еден налутен гледач дури и му рекол како не му е гајле бидејќи веќе ги имал нивните пари. Дури и пред да заврши настапот кој траел 70 минути, на твитер се појавиле коментари дека настапот пропаднал и дека се било многу лошо. Гледачите коментирале дека очекувале барем малку да се забавуваат, но добиле само долги монолози кои воопшто не биле смешни.