Дениз Ричардс и нејзините ќерки Сем, Лола и Елоиз бараат нов дом откако поранешниот сопруг на актерката им наредил да се иселат од куќата на Беверли Хилс. Домот, кој Чарли го купил за Дениз, го продал на свој пријател. Куќата, која ја купил во 2011 година за децата да му бидат поблизу, има шест спални соби и девет тоалети. Адвокатите на актерот велат дека Чарли сака Дениз да ја напушти куќата каде и тој живеел со месеци, а на сето тоа го наговорила неговата вереница и порно ѕвезда Брет Роси. Преселувањето за актерката нема да биде едноставно бидејќи девојчињата одат во училиште во близина на куќата.

Сем и Лола имаат пет минути возење од домот до училиштето. Чарли и дозволил на Дениз да остане во куќата додека девојчињата одат на училиште, а потоа повеќе не сакал да ја види. Проблематичниот актер во последниве месеци јавно се соочува со поранешната сопруга, а се почнало бидејќи Дениз не му дозволила божиќните празници да ги мине со децата. Преку Твитер Чарли порачал дека ќе престане да и плаќа алиментација. Се венчале во 2002 година, а се разделиле после четири години брак.