Ракометниот клуб Струга се засили пред дербито со Охрид во Супер лигата доведувајќи го Реваз Чантурија во своите редови.
Чантурија во дресот на Пелистер.
Популарниот „Резо“, со својот квалитет и искуство стекнато низ годините играјќи во Супер лигата ќе биде големо засилување за тимот на Струга во пресрет на средбата со Охрид и за понатамошните мечеви од националниот шампионат.
Чантурија и Пелистер спогодобено го раскинаа договорот, откако играчот влезе во конфликт со тренерот Јошко Петковиќ. Десното крило деби во дресот на Струга ќе има утрешна дерби пресметка со Охрид која ќе означи почеток на втората полусезона во Супер лигата.
„Езерското“ дерби ќе се одигра во СРЦ „Тими“ со почеток во 19 часот.
OhridNews