Една шкотланѓанка за малку не го изгубила животот поради тоа што не сакала да ја пушти ташната која сакале да и ја одземат некои крадци. Девојката се шетала по улица кога три лица од еден автомобил ја повикале да им се приближи. Еден од нив ја зграбил скапоцената чанта од марката „Луј Витон“, а возачот на автомобилот дал гас.
Девојката, меѓутоа, и понатаму цврсто ја држела чантата и автомобилот почнал да ја влече по асфалтот. За среќа човекот кој ја држел чантата се повлекол и ја пуштил. Девојката поминала само со полесни телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.