Девојка од Тенеси имала многу среќа што носела со себе голема чанта. Токму таа и го спасила животот.
Елизабет Питенџер (22) ја носела чантата преполна со различни женски работи. Тогаш ја застанал човек кој барал да му ги даде парите и чантата. Таа успеала да побегне, но тогаш човекот извадил пиштол и пукал, и за среќа погодил во чантата. Куршумот застанал, со што и бил спасен животот на девојката.
Полицијата била во близина и успеала да го уапси напаѓачот, кој може да излезе со кауција од 35 000 долари.