Една од чантите на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер била продадена во понеделникот на аукција во Лондон за 28 илјади евра, пренеле британските медиуми. Тачер често носела црна Аспри чанта на важните официјални средби, како онаа со американскиот претседател Роналд Реган или советскиот лидер Михаил Горбачов за време на нејзиното владеење од 1979 до 1990 година.


Маргарет Тачер, која била наречена „железната лејди“, чантата, која често ја оставала на маса како симбол на својот авторитет, ја подарила на една хуманитарна организација. Целиот приход од продажбата ќе биде наменет на хуманитарните организации.