Со 13 одбрани од кои 7-8 чисти „зицер“ ситуации за погодок, Градимир Чаневски беше херој на Еурофарм Работник во минималната победа над Охрид (21-20) во дербито во „Билјанини Извори“.
– Охрид како првопласиран тим на табелата беше доволен мотив за мене и за мојата екипа. Не се подготвував специјално за ракометарите на Охрид, но знаев што ме очекува. Ист ваков меч одигравме и во Битола и тогаш како и сега одлучуваа нијанси. Нам оваа победа ни требаше после поразот од Пелистер и сега можиме мирно да се насочиме кон следните предизвици кои не очекуваат. – рече Чаневски.
„Фармацевтите“ сезонава комплетираа две победи над Охрид, откако славеа и на првиот меч во Битола. Никоја друга екипа не ќе може да се пофали со ваков успех бидејќи „гладијаторите“ пораз во првата етапа од регуларниот дел од Супер лигата претрпеа само од Еурофарм Работник.
Еурофарм Работник ја расипа перфектноста на Охрид (фотогалерија)
Горан Андоновски: Нападот комплетно потфрли
Иван Маркоски: Драгоцени бодови освоивме во Охрид
Обновено: „Фармацевтите“ најдоа лек за Охрид во „Билјанини Извори“
OhridNews