Составот на Еурофарм Пелистер триумфираше на 48-то издание на струшкиот ракометен турнир. Битолските „зелено бели“ во финалето на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“ со 26-23 го совладаа тимот на Вардар.
Градимир Чаневски (Пелистер) – Најпрво сакам да им честитам на организаторите за храброста и одлучноста да повлечат чекор за одржување на турнирот во време од вирусот ковид -19. Се беше организирано како што треба и заслужуваат чиста десетка. Што се однесува до финалниот натпревар, покажавме тимска игра надополнета со голема борбеност. Советите од тренерот вродија со плод, задачите ги исполнивме максимално секој како што треба и победа е награда за сето тоа. Не се знае што ќе се случува понатаму со вирусот и натпреварувања, но ние уште ќе треба да тренираме и напредуваме за да го достигнеме нивото кое го посакуваме.
Стојанче Стоилов (Вардар) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер повеќе ја посакуваа победа и се бореа на теренот. Голманот Чаневски имаше свој ден во второто полувреме, успеа да одбрани неколку чисти шутеви кога се кршеше резултатот. Не сум задоволен со второто место бидејќи јас сакам да дојдам и да победам каде што играм со Вардар. Ова е нов Вардар. Нови ракометари со кои допрва ќе треба да се воиграме. Имаме простор и време за работа и мислам дека ќе бидеме добро квалитативно подготвени за сезоната која следува.
OhridNews