Малку подзаборавената чалгиска песна деновиве повторно прозвучи низ Охрид. Исклучителниот етно бенд „Чалгија саунд систем“ викендов во кафе барот „Кастело“ одржа двочaсовен концерт, кој обедини публика од неколку генерации.



Присутните гласно ги пееја песните “Ој Зарино”, “Ајде дали знаеш паметиш Милице”, “Дафино вино црвено”… Интерес за традиционалната музика покажа и  помладата охридска публика, а меѓу посетителите можеа да се забележат и јавни личности од културниот и политичкиот живот во Охрид.


Овој концерт е прв во низата кои што се организираат во кафе-пабот „Кастело“. Веке е најавен и вториот концерт за овој четврток, кога во „Кастело“ ќе гостува етно квартетот “Баклава” од Скопје.

OhridNews