Составот започна да работи во 2008 година и претставува вистинско освежување на македонската музичката сцена. Претходница му беше проектот „Калдрма“ во кој членуваа Бошко Мангаровски и Дориан Јовановиќ и којшто на одреден начин беше иницијатор за заживувањето на поширокиот интерес за маргинализираната чалгиска музика.
„Чалгија саунд систем“
Групата во која членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман – виолина, Дориан Јовановиќ – ут, Бошко Мангаровски – канон и Филип Крстевски – тарабука, деф, дајре, има настапувано на разни манифестации и фестивали на којшто публиката никогаш не останува рамнодушна.
Охриѓани ќе има можност да го проследат настапот на етно бендот „Чалгија саунд систем“ во петок на 19-ти ноември во кафе-паб „Кастело“.