Ансамблот „Билјана Јуниор“, викендов повторно ги разнежи срцата на охриѓани со звуците на познатите охридски староградски песни. На Сараиште се одржа традиционалниот концерт во чест на еден од основачите на ансамблот, починатиот Кузман Поп Стефанија.
Охридскиот ансамбл „Билјана“, познат насекаде низ некогашните југословенски простори, пред 62 години беше формиран од Кузман Поп Стефанија, Сотир Димитроски – Сингл, Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски, а згасна во 2002 година.
Од пред пет години, нивниот пат го продолжи новиот ансамбл „Билјана Јуниор“, составен од група млади охриѓани, кои верно ги следат стапките на некогаш најпознатиот ансамбл на староградски чалгии.
OhridNews