“Нема зима“ оваа година за кајакарите кои имаат езера полни со води. Акумулациите и вештачките езера се до врв полни со што има иделани услови за кајакот на мирни води. По периодот минат на суво, првите контролни мерења за кајакарите ќе бидат извршени во Април по што ќе биде познат составот на македонската репрезентација.

– Оваа година не очекуваат бројни настапи прво на регатите во нашето опркужување, а исто така ќе настапиме на два европски и три светски купа имаме и двајца натпреварувачи кои ќе настапат на турнирот олимписки надежи во Сингарпур во Септември. Се надевааме на добри резултати , искрено време е и кајакот да тргне во нагорна линија, младите се ангажирани го сакат овај спорт соживеани се со него и очекувам ваквиот спој да донесе добри резултати – вели генералниот секретар на федерацијата, Никола Чакарески.


Неспорно е дека првенствено се потребни вложувања во инфраструктурата со што подоцна треба да се очекува подобрување на резултатите.

– Треба да се инвестира, овој спорт бара скапа опрема и нова техника, и мора да се следи тој тренд. Ние имаме отрплика 30 до 40 пловни објекти од кои само 4-5 се натпреварувачки и се во текот со времето. Во кајакот колку што е важен спортистот толку е важен и чамецот, разликите се многу големи , од старт се доцни со по 10 секунди во една трка – истакна Чакарески


По долги години раздор, конечно се сплотија федерациите на мирни и диви води, а од нивното сооединување се очекуваат поволни резултати. Нашите кајакари само го следаа светскиот поредок каде сите спортови во кајак се во една федерација кои пак се поделени на комитети.

– Светската федеарција не вклучи во нивниот систем и на сите натпреварувања може да настапиме. По спојување то мислам дека и државата ќе има слух што побргу да успееме да излеземе на светски и европски план – вели Чакарески

Федерација за спринт брои пет клубови и тоа Црн Дрим, Стрмец, Трпејца, Радика и Арка од Прилеп, а во најскоро време ќе се приклучи и охридксиот ЕХО КК,  кој се очекува да биде вклучен во системот на натпревари

 – Струшки Црн Дрим брои околу 70 кајакари поделени во неколку категории. Голем проблем за кајакарите е немањето на базен,  порано кога функционираше базенот нашите кајакари го користеа, сега тоа го заменуваме со овие справи кои се тренажни но дефинитовно тоа не е тоа.  – изјави Чакарески.


Чакарески вели дека Охридското Езеро е интересно за репрезнтациите од Србија и Бугарија кои се чести гости и дека и турската селекција е заинтересирана за нашето езеро, но немањето на стратегија како град е голем минус за да се привлечат посилните и позвучните репрезентации кои сигуно бараат далеку подобри услуги, посочува Чакарески.

Рафтингот е интересен за странците

Рафтингот е нов спорт кој од неодамна е приклучен кон федерацијата. Со овој спорт се занимаваат ветерани и тоа повеќе рекреативно, се плови по река, во чамечот има по шест натпреварувачи а трките се брзински или далечински. Брзинските трки се одвиват на 500 или 1000 метри, додека далечинските се одржуваат над 10 километри.

– Нашиот Дрим има исклучително добра и долга стаза, ние изготвивме програма со светската федерација и очекувам на лето да дојдат на пробно возење и искрено очекуваме тоа да биде туристичка аткракција по течението на Дрим. Кањонот на Црн Дрим има такви прекрасни предели кои досега не се видени , се уште не е во целсот откриен и има неповторливи моменти кои се доста атрактивни – вели генералниот секретар на федерацијата Никола Чакарескки

М.П.
фото: Емилио