Во петок во просториите на КИЦ „Култура 365“ со почеток од 12 часот, ќе се оддржи настан насловен како „Чајанка со учениците од ОУ Христо Узунов“.
„Предновогодишната атмосфера секогаш создава топлина и убавина за која може да се пишува. Таа ќе биде инспирација за учениците од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид, кои преку своите прочитани песни ќе ја доловат магијата на зимата и празниците.“ – велат од КИЦ „Култура 365“.
Инаку, настанот ќе биде збогатен со пиење чај и подарок за секој од учесниците.
OhridNews