Во кафе и бар „Шила“ ќе биде промовирана книгата на Мерсиха Исмајлоска „Чудесните светови на Алиса“ во издание на Вермилион која ги обработува книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Карол и нивните интерпретации во визуелните уметности и воопшто во културата.

Промоцијата ќе се одржи утре, сабота,  во време за чај, во17 часот.

Промотори на книгата се проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска и м-р Александра Јуруковска, а модератор на настанот ќе биде лично Лудиот Шапкар.

OhridNews