Пламените јазици над селата Опеница и Косел, охридско, синоќа може да се забележат од голема далечина. Сликата е стравична, а состојбата загрижувачка, дотолку повеќе што во близина активен е и уште еден голем пожар на Илинска планина.
Чадот од пожарите утрово силно се чувствуваше и во Охрид. Во зависност од правецот на ветрот тој се шири наоколу предизвикувајќи загриженост кај населението.
На терен се екипи на противпожарната единица од Охрид, Национални шуми, јавни претпријатија и доброволци, а огнот вчера се гасеше и од воздух со три канадери.
Според надлежните состојбата со пожарот кај селото Опеница утрово е подобра. Во изјава за Охридњуз, Зоран Карадакоски, координатор на Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид, гори на четири страни, во правец на Опеница, Косел, Вапила и Расино.
Пожарот кон Опеница е под контрола, исто и во правец на Вапила. Интензивно се работи на отсекување на пожарот кој гори во правец на сеото Косел и се подготвува екипа која ќе дејствува кон Расино каде огнот гори на непристапен терен. Авионите се повлечени, но ако има потреба повторно ќе се вклучат во гаснењето на пожарот, истакна Карадакоски.
Синоќа се одржа координација на сите релевантни служби, а Општина Охрид упати апел до граѓаните да се приклучат во гаснењето на пожарот кај Опеница.
Г.М.