Повремениот македонски репрезентативец Драган Чадиковски е нов член на белградски Партизан. Чадиковски црно – белите бои на Партизан ќе ги брани во наредните три години.


Тој во лидерот на шампионатот во Србија доаѓа од словенечкиот Марибор, за кого настапуваше минатава полусезона, 190 сантиметри виcоkиот центарфор за тоа време постигна три гола во 12 одиграни натпревари.

За македонската репрезентација Чадиковски (26 години) има осум настапи без постигнат гол, но нема повик кај селекторот Сречко Катанец.

Пред Чадикоски,минатата сезона во црно – белите редови пристигна македонскиот репрезентативец Ацо Стојков, но не доби шанса во тимот на Јешиќ по што го напушти Белград.

Неизвесна е и судбината на најдобриот играч во македонскиот шампионат Иван Тричковски. 19 годишниот напаѓач е на мета на балканските гиганти Црвена Звезда и Партизан, а неофицијално белгискиот Андерлехт нуди 300,000 евра.

Од Работнички Кометал велат дека се се` продава за добра цена.

ohridnews