Во рамки на одбележувањето на 21-ви јуни, Денот на Охридското езеро, утре во 11 часот на градскиот плоштад ќе се одржи изложба на подводна фотографија од охридскиот Нуркачки клуб Анфора.

Централната манифестација ќе се одржи во Струга, на градската плажа(машка плажа) со почеток во 10 часот.

Денот на Охридското Езеро се одбележува од 21 јуни 2000-та со различни активности, најизменично секоја година во трите езерски градови – Охрид, Струга и Поградец. Целта е симболично да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна.

OhridNews