Цетралниот регистер одлучу да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот, информираат од Централниот регистар.

Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.

Иако заклучно со вчерашниот ден 11.03.2021 година над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак Централен регистар како сервисно ориентирана институција, секогаш е подготвена да одговори на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

OhridNews