Централниот митинг на СДСМ и коалицијата “Најдоброто за мојата општина” во Охрид, ќе се одржи вечерва, 9 октомври, пред хотел “Палас” во 20:00ч.
На митингот ќе бидат претставени кандидатот за Градоначалник на Општина Охрид на СДСМ и коалицијата и, кандидатите за членови на градскиот совет.
Пред централниот митинг високи членови на партијата заедно со кандидатот за градоначалник Константин Георгиески и носителот на кандидатската листа за советници Науме Јованоски, остварија средба со охриѓани, на повеќе локации.
Нашите резултати се грижа за секој човек, зашто пред се треба да останеме луѓе. Луѓе со достоинство, со чесност, со повеќе почитување меѓу себе, со повеќе грижа и сочувство едни за други. Тоа е концептот „Едно општество за сите“ што го гради Социјалдемократскиот сојуз. Тоа е концептот што треба да не води напред, зашто само така се гради почитувана, просперитетна, модерна држава. – рече во Охрид заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска.
OhridNews