(и овај пат вторник..баба вчера беше на депилација)
Абе да не си ти немам на кој да се истушам. Бетер од гласач си. Шо да ти речам прифаќаш и саде молчиш. Туку слушај вака. Одам јас недела на кај Смогје и….ааааа умре то. Па па…некош се викаше Скопје. Сега е Смогје. Ам сега ако го напрајт Перица она шо го вети за заштита од загадувањето за следниве 22 години нека си го вратет името. Ам така де.
Абе види лани имаше јака идеја, со оставање на колите пред Смогје, ама ова му е уште поголема. Све шо немат Смогска лична карта аут од градот. И немат ново населување, а со то не само шо ќе престанале да градет зградет ами ќе мојт да се рушет изградените кај шо имат жители кои не се од Смогје.
И така требит. Само смогјани да останет зш придошлиците ко ќе кивет фрлет сумпор, сулфурни оксиди, а се распрдвет ко змеој и фрлет метан отприлика 4 литри во секунда. За разлика од оние кои се староседелци шо кивајќи емитирет кислород во една секунда појќе одколку дрвото шо произведвит за цел живот. Плус то на староседелците им е вградено во газето ред слама сред јаглен и си имет филтер за прдателнен метан.
Еве и од мене придонес уште поуба идеа од Перета. Наместо во Лескоец, варниците да се префрлат во Скопје. Да се донесит закон сите починати од државава да не се погребвет ко досега туку да имат централен крематориум во Смогје, а кремирањето да е со стари гуми. Абре централен крематориум. Кај све во Смогје и крематориум нека имтат. Е тогаш најубо ќе дишат смогјани. Абре све да се сконцетрират во Смогје. Нас баталетене.
Батали Смогје, ко шо реков на одење во овај град се разминав со автобус од “Дурмо турс“. А пак со мене беше еден мрматор и ме збесна……зш уште возела ова фирма, а надуша зеде 19 луѓе? Абре само да се јадело трици. А јас викам зш пак да не возит. Прво не оти се многу, 19 беа. Друго. Државава си ја работит работата како шо требит.
Ете шоферот призна дека летал. Шо сакате…да лажеше? Фирмата за тахографи давала потврди на не пломбирани тахографи. Па шо. И тој призна зш. Не дека фукал пари од Дурмо туку му претеле дека ќе му ја затворет фирмата. И сега размисли убо….само ради 19 погинати тој да не мојт да ја ранит фамилијита. Абе немојте така. Како? Види го….ам ај признај вака. Кој грав тие поубав….ти ак си го спремиш или друг да ти го прајт? Е така. Па сами си праеле технички прегледи ко во ова држава немојш да имаш верба на никого. Аееее как се развикавте.
Абре чоекот напрај криминал кај шо само 19 луѓе погинаа, тој не скрши џам нашколо па да го линчоваме сега или “Дурмо Транс“ да не возит. Ајде ти се молам.
За мене ова е веќе застарено дело нејќам да прам муабет. Од кај го научив ова? Ам од нашата просперитетна НСРСМ, демократска, напредна и ажурна. Јас мислев само луѓето застарвет ко то видиш и судски процеси.
Е како кој. Прво си застаре случајот од Зоне, и немат да е последен само време требит, а еве сега застаре и случајот “Тенк“ на Бучета. Мада не би сакал многу да ги копмарирам овие двајца. Зш Коле е шпичица шо избега, а Бучкота би го прогласил како народен херој во редот на Гоце, Јане, Даме…
Како ам. Чоекот рече дека не бил курвица да бегат туку 13 години се борел за правда. Мада малку ме збуни. Шо борба ќе беше та. После османлиското ропство и 500 годишна борба на македончето ова е најдолгата борба на некој, конкретно на Бучко.
И успеа во борбата. Одма некој камен, мост, абре тенк да се крстит во негово име. Морат да имат крв од некој ревносен борец од македонската историја од оние шо горе ги спомнав. Не вервам, ама можно е и да имат крв од Итар Пејо во него? Шо мислиш ти.А?
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите