Откако извесен период не се правеа приватни тестирања за присустви на Ковид 19, Центарот за јвно здравје Охрид, од вчера повторно ја нудуи оваа уѕслуга на граѓаните. Како што информираат од установата, во изминатиот период биле направени потребните консултации, по што тестовите на приватно повторно се достапни за охриѓани и граѓаните од околината.
После повеќе консултации со надлежните институции, Центарот за јавно здравје Охрид од четврток 11.02.2021 година започнува со земање приватни брисеви за Ковид 19, чија анализа ќе ја извршува Институтот за јавно здравје Скопје. Брисевите ќе се земаат во Ковид пунктот кој се наоѓа во Центарот. Земањето на брисевите ќе биде во период од 07:45 до 09:30 часот, од понеделник до сабота.
Сите кои имаат потреба од ваков тест, задолжително треба да носат пасош, како документ за идентификација и да имаат валидна емаил адреса на која ќе ги добијат резултатите, се посочува во информацијата на Центарот за јвно здравје Охрид.
OhridNews