Центарот за јавно здравје Охрид, каде се извршуваат тестирањата за вирусот ковид-19 се поднови со мобилен UV-C стерилизатор за дезинфекција на затворени простории, дониран од Компанијата „Тесла Лед“. Предноста на уредот за дезинфкација се мобилноста и големата ефикасност во чистење на затворени простории.

 

Оваа е прва донација која ја правиме во Македонија. Се одлучивме за Охрид бидејќи се работи за регионален  ковид центар кој од самиот почеток работи во полна пареа. Уредот сигурно ќе биде од голема помош за здравствените работници кои се борат со вирусот. Неговата ефикасност е голема и убеден сум дека го дониравме на вистинско место. – изјави претставникот од „Тесла Лед“, Еди Хашимбеговиќ.

Директорот на Центарот за Јавно здравје, Сашо Точков, истакна дека уредот веднаш ќе биде ставен во функција и ќе се употребува каде што е најпотребно.

Секоја донација или помош за нас како здравстена установа во вакво време е добредојдена. И благодариме на компанијата „Тесла Лед“ за гестот и се надеваме дека соработката ќе продолжи. – рече Точков.

Општата Болница и Центарот за јавно здравје од почетокот на пандемијата на вирусот ковид-19 се регионален центар кој ги опфаќа општините Охрид, Струга, Дебрца и Дебар.

OhridNews