Boutuque Emilly Ohrid

Од 01.02.2021 - 09:00 до 28.02.2021 - 20:00

Помина за сите нас непредвидлива и тешка година, без собирања и прослави, без свадби, веселби, дружења. Но, за среќа се надзира крајот, се очекуваат вакцините, а голем дел од нас веќе имаат имунитет. За сите што планираат во наредниот период да прослават значајни настани на кои што треба да се носи повпечатливо парче облека, информација дека во текот на цел месец февруари ќе трае акцијата за најголеми попусти до сега на целиот асортиман од бутик „Емили“.

Попустот важи и за купување или изнајмување венчаници. Доколку се избере венчаница во промотивнот период, попустот важи без разлика за кој нареден датум се однесува употребата.

Продажбата додека трае попустот се врши по принципот „прв дојден прв услужен“, само на лице место во „Емили“ дуќанот во т.ц.Амам на кат, во Охрид, без онлајн нарачки и праќање по карго. За се што се купува во бутик „Емили“ обезбедена е брза стручна и бесплатна корекција.

Плаќањето може да се изврши на повеќе рати без камата доколку имате кредитна картичка од „Тутунска банка“. Ако имате „Lyoness Cashback“ картичка следува дополнителен попуст 3% + 4sp на целиот платен износ. Доколку не поседувате „Cashback“ картичка слободно обратете се во Бутик „Емили“ бидејќи ние како регистрирани маркетери можеме да ги издаваме. Картичките за вас се бесплатни а ќе ви штедат пари при секое наредно купување во било кое продажно место регистрирано во „Cashback“ мрежата. – посочуваат од Бутик „Емили“.

Сега е време да го обезбедите вашето парче облека за убавите моменти кои ве очекуваат оваа година, порачуваат од Бутик „Емили“. Намалените цени почнуваат со фустани од 900 денари. Машки и женски капути во Емили ќе најдете со почетна цена од 2500 денари. Машките костуми, пак, се движат од 3500 денари, па нагоре, а ќе најдете и машки сакоа од 1500 денари!

OhridNews