Цената на струјата останува иста и по официјалниот старт на работа на т.н. универзален снабдувач.

Одлуката за цената на струјата ќе важи до 30 јуни следната година, а на регулираниот пазар ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.

Од 1 јули домаќинствата ќе добиваат електрична енергија од ЕВН Хоум, правен субјект кој произлегува од ЕВН Македонија, енергетската компанија која и досега ги снабдува домаќинствата.

OhridNews