Цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 9,48 проценти, а од 1 јануари 2022 година се укинува и дневната евтина тарифа, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.
Реалното зголемување на цената на електричната енергија требаше да биде околу 25%. Регулаторната комисија за енергетика како што ветивме во изминатиот период во многу наврати бараше од сите чинители во електро енергетскиот сектор солидарност. 25 милиони евра за обновливи извори се тргнати како трошок од цената за електричната енергија. Производената електрична енергија од обновливите извори ќе ја откупуваат снабдувачите со електрична енергија по цена од околу 105 евра за мегават/час со што даваме сигнал и кај останатите потрошувачи во државата кои купуваат електрична енергија на слободниот пазар дека им е обезбедена одредена количина по далеку пониска од таа што е во моментов на берзите, пред се на берзата во Унгарија. Предвидувањата се дека за јануари ќе имаме цена од околу 280 евра за мегават/час, истакна Бислимоски Т
Како што образложи тој, ова се првите 25 милиони евра кои се тргнати со цел да не прават притисок врз цената на електричната енергија во најголем дел за домаќинствата. Намален е профитот за МЕПСО и електродистрибуција за 90 проценти, што претставува околу 21 милион евра кои се тргнати од товар на граѓаните, а Владата презеде обврска да им помогне на државните компании.
Во оваа наша калкулација не се внесени никакви трошоци за увоз, и целокупните потреби на домаќинствата ќе бидат обезбедени од ЕСМ и тоа по цена по 41 евро за мегават/ час што е сериозен успех имајќи ги во предвид цените на светскиот пазар, додаде Бислимоски.
РКЕ донесе и одлука со којашто го промени тарифниот систем со што од први јануари се укинува дневната евтина тарифа за што биле консултирани голем број експерти според кои оваа одлука била неминовна .
Евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат и никогаш не биле доведени во прашање. Оваа одлука се носи поради една единствена причина тоа е заради зголемен увоз во периодот на важење на евтина тарифа на дневно ниво имајќи. Овој увоз не чини 100.000 евра и е товар кој нашиот електроенергетски сектор не може повеќе да го понесе, додаде Бислимоски.
Како што вели првиот човек на Регулаторна, доколку не била донесена одлука за промена на тарифинот модел, цената на струјата наместо за 9, 48 отсто ќе била поскапена за 14, 3 отсто.
К.А.