Десет болници се целосно уништени од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, информираше украинскиот министер за здравство Виктор Лашко, во своја изјава на националната телевизија.

Други болници, додаде Лашко, не можеа да добијат лекови и други работи, поради борбите во близина.

Светската здравствена организација соопшти за 62 различни напади врз здравствени установи во Украина, откако почна конфликтот, при што, евидентирани се 15 загинати и најмалку 37 повредени лица.

OhridNews