Поради дефект на водоводната мрежа, дел од жителите во Лескоец кои живеат на улица „Тоде Лупески“, од саботата немаат вода за пиење.
Од ЈП „Водовод“ Охрид, за OhridNews изјавија дека се работи за поголем дефект и дека интензивно се работи на негово отстранување, за што ќе бидат потребни дополнителни рестикции
Поради сериозноста на проблемот во текот на денешниот ден без вода за пиење ќе бидат сите жители на Лескоец, со цел отстранување на дефектот. – информира ЈП „Водовод“ Охрид.
OhridNews