Селекторот Марјанчо Лазаревски изјави дека очекува македонската репрезентација во традиционално таеквондо да продолжи со успешните настапи на Европското првенство кое се одржува во Италија, откако Христијана Парулеска го освои сребрениот медал.

На ЕП во традиционално таеквондо, чиј домаќин до 24 април е италијанскиот град Јесоло, македонската репрезентација, предводена од селекторот Лазаревски, е претставена со седум натпреварувачи, од кои три во женска и четири во машка конкуренција.

Натпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја, изјави селекторот Лазаревски, по успешниот настап на охриѓанката Парулеска и освоеното второ место.

На ова прво ЕП во традиционално таеквондо, по пандемијата на коронавирусот, учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија и Италија.

OhridNews