Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата изјави дека целта на руските сили е да го заземат источниот и јужниот дел на земјата.
Тој и се пожали дека западните држави не обезбедиле доволно противракетни системи за Украина.
Зеленски ги пофали силите кои го бранат опколениот пристаништен град Мариупол, бидејќи „ нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време“.
Во најновите разузнавачки информации за војната во Украина што ги објави Министерството за одбрана на Велика Британија се наведува дека изминатата недела Русија ја зголеми воздушната активност во југоисточна Украина.
Но, Украина „пружа значителен предизвик“ за руските воздушни и ракетни операции.
Руските авиони сè уште ранливи на кратките и средните системи за воздушна одбрана“.
Како резултат на нивната „неспособност да пронајдат и уништат системи за противвоздушна одбрана“, напорите на руските сили да ја преземат контролата над воздушниот простор се „сериозно отежнати, наведува британското Министерството за одбрана.
OhridNews