­Минатогодишната стихозбирка “Цедена” од македонскиот поет Ристо Лазаров деновиве е објавена на српски јазик. Издавач на книгата е Задужбината “Петар Кочиќ” од Бања Лука, чиј главен уредник Никола Вуколиќ, вчера ја претстави и во Скопје, пред отворањето на Саемот на книгата.

 

За” Цедена” на Лазаров проф. Лидија Капушевска – Дракулевска напиша дека го сугерира парадоксот на пеењетo (живеењето) кои секогаш пулсираат некако помеѓу; помеѓу сериозното и обичното, возвишеното и баналното, универзалното и миговното, трагичното и убавото.