Спортскиот суд во Лозана, Швајцарија ја прифати жалбата од Манчестер Сити и ја укина двегодишната забрана од УЕФА за учество во европските натпреварувања.

Европската куќа на фудбалот, суспензија и отстранување на Манчестер Сити од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа му изрече после нарушувањето на финансискиот фер плеј. Во мерката стоеше и финанска казна од 30 милиони евра.

Манчестер Сити за прекршувањето на некои правила во европскиот фудбал ќе плати 10 милиони евра, но ќе има полно право да биде дел од Лигата на Шампиони, со оглед на моменталниот пласман на табелата.

Ваквиот краен епилог дополнително ќе ја разгори борбата за ТОП 4 во англиската Премиер лига. Моментално за двете слободни места се борат три екипи Челси, Лестер и Манчестер Јунајтед.

OhridNews