Елиминација на тарифните бариери, поедноставување на инспекциите во постапките за дозволи, максимално намалување на формалностит, воспоставување ефикасна размена на трговски податоци и взаемно признавање на грачничните документи, вклучително и на овластениот економски оператор. Ова се предвидува со деталната структурна агенда на активности што царинските служби од регионот треба да ја спроведат за реализација на акцискиот план за Регионална економска област во рамки на Берлинскиот процес, за што на состанокот во Охрид што започна денеска, разговараат претставници на царинските служби на државите од Западен Балкан.

Според директорот на Царинската управа на Македонија, Ѓоко Танасоски, најголемиот предизвик во царинското работење последните години е трговијата.

Веруваме дека со поддршка на иницијативата „Мал Шенген“ ќе придонесеме за олеснување на трговијата во регионот, што би резултирало со зголемување на конкурентноста на самите компании, прво на регионалниот, а потоа и на пошиоркиот пазар. – истакна Танасоски.

Танасоски додаде дека веќе се гледат резулатите од соработката од неформалните состаноци на царинските управи од регионот, преку веќе воспоставениот „оне стоп шоп“ систем за царински процедури на преминот Табановце – Прешево, каде, како што истакна, забрзан е протокот на стока и патници, а наскоро таков систем ќе има и на преминот Ќафасан на границата со Албанија. Со програмата за меѓусебно признавање на програмите на авторизиран економски оператор на ниво на ЦЕФТА, ќе се воведат и приоритетни ленти со што на компаниите кои ќе поседуваат сертификат значително ќе им бидат олеснети царинските процедури, посочи Танасоски.

Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Гјон Барди, истакна дека со воведување на системот „оне стоп шоп“ на границата меѓу Македонија и Албанија, покрај тоа што ќе се подобри и размената на стоки, услуги и луѓе, ќе се зголеми и контролата, што пак ќе придонесе за намалување на можностите за криминални активности.

OhridNews