Фудбалерите на Хајдук обезбедија пласман во третата рунда од квалификациите за влез во Лигата на Европа, откако во Скопје со минимални 1-0 (1-0) ја совладаа тетовска Ренова.
Хрватскиот клуб погодокот за победа го постигна на стартот од натпреварот. Офанзивецот Цакташ беше на право место после центаршутот на својот соиграч и со глава ја смести топката во мрежата од Ренова. „Гипсарите“ во финишот од натпреварот имаа неколку прили, но не ги реализираа и отпаднаа од најмасовното клупско натпреварување.
Голот на Хајдук за победа
Во третото квалификациско коло Хајдук силите ќе ги одмери со подобриот од пресметката меѓу азербејџански Нефчи и Галатасарај.
OhridNews
Фото: Екипа.мк