Оваа недела Обичен Херој е: Александар Ќулукоски CacaNito 21-годишен, охридски гејмер кој неодамна со македонската е-sport репрезентација го освоија светското првенство во Counter-Strike: Global Offensive во Израел.
Со овој подвиг CacaNito и македонската е-sport репрезентација и федерација ја пробиваат стигмата на луѓето за е-sport gaming-от и предрасудите за професионално занимавање со Е-Sport. Александар Ќулукоски забрзано се искачува до големите висини во е-спортот, иако има само 21 год. и го отвора патот за другите генерации и играчи кои сакаат да се занимаваат професионално со овој спорт.
Борбата како што кажува тој, за официјално да се признае овој спорт во државата е долготрајна и тешка, но со вакви успеси патот се олеснува и е полесно да се убедат луѓето дека сепак ова е неизбежен спорт во едно модерно општество кое сака да биде рамо до рамо со другите држави.
Повеќе за патот и изборот на професија, тренингот, предизвиците, патувањата, натпреварите и освоеното злато во Израел на Александар Ќулукоски слушнете и погледнете ја четвртата епизода на Обични Херои.
CacaNito: Охридскиот гејмер кој го освои светот
Јован Цветкоски