Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски минатиот викенд во Гробник, Хрватска, го освои бронзениот медал на европскиот „FIM Europe STK1000“ шампионат.

Чест и задоволство беше да се бориме со тие тимови и да пробаме да се измешаме помеѓу најдобрите, иако немавме доволно тренинг на стазите коишто ги возевме (бидејќи секоја од стазите е на +1000 километри). Огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и ми ја дадоа довербата, благодарност до сите спонзори и поддржувачи, и до мојот официјален спонзор Компанијата Велкоски за целокупната поддршка сите овие години. Продолжуваме уште појако, мала пауза и почнуваме со подготовки за следната сезона, изјави Бузалковски.

ФИМ Европа СТК1000 е шампионат во брзински мотоциклизам на кружни патеки, а Бузалковски е прв Македонец со медал во ова натпреварување.

OhridNews

фото. МИА