Македонскиот мотоциклист, Христијан Бузалковски изминатиот викенд на патеката крај Серес (Грција) со две победи на БМУ Европскиот шампионат тргна да ја брани титулата.
Сезоната започна на најдобар начин, остваривме две победи во првите две трки и со тоа го започнавме походот кон одбраната на титулата. Можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се одвиваше целиот викенд, моторот работеше перфектно и се беше како што треба. Огромна благодарност до моите спонзори Агенцијата за млади и спорт и федерацијата, истакна Бузалковски.
Следната трка ќе се одржи за нешто помалку од еден месец.
OhridNews