Хрватскиот ракометар Марко Бувиниќ е новото име во составот на македонскиот ракометен првак Металург.


Тој дејствува на десната крилна позиција, а редовите на Металург ги засили од екипата на Пореч.

– Дојдов во голем клуб чии резултати ги пратам неколку години. Дојдов за да учам и да напредувам во својата кариера. Моменталните проблеми во клубот не ме загрижуваат, бидејќи повторувам – овде дојдов за да станам подобар ракометар. Се надевам дека ќе можам да помогнам во реализацијата на клупските планови и очекувам дека ќе избориме ново учество во Лигата на шампионите, следната сезона – рече за клупскиот сајт, Бувиниќ.

Хрватот е второ засилување по ангажманот на искусниот Раде Стојановиќ, кој порано беше редовен член во репрезентацијата.

Мх.П.