На гостински терен во Скопје кај екипата на Бутел, охридскиот ракометен клуб ќе ги започне натпреварите во плеј-офот од Супер лигата.

Во првата рунда покрај Бутел Скопје – Охрид силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер – Струга, Вардар – Еурофарм Пелистер 2 односно Пролет – Металург.

Во втората рунда на Охрид го очекува средба со Вардар во СРЦ „Билјанини Извори“, а во третата гостува кај Пролет. Во четвртата рунда Металург доаѓа во Охрид, а во следната петта „гладијаторите“ ќе се сретнат со вториот тим на Еурофарм Пелистер. Во шестата рунда на програмата е „Езерското“ дерби со Струга, а, првиот дел, Охрид ќе го заокружи со дуелот против Еурофарм Пелистер.

  • Двојки 1.рунда (плеј-оф):

Бутел – Охрид

Еурофарм Пелистер – Струга

Вардар – Еурофарм Пелистер 2

Пролет – Металург

Комплетниот распоред на плејоф мечевите во Супер лигата
  • Двојки 1.рунда (плеј-аут):

Работнички – Радовиш

Прилеп – Голден Арт КЛ7

Јуниор КВ -Тиквеш

Астраион – Младост

OhridNews