Екипата на Бутел останува еден од најнезгодните противници за ГРК Охрид.

Во тврд натпревар со малку голови, вечерба во Скопје РК Бутел го совлада ГРК Охрид 15:14, полувреме 10:4.

Ова е трет пораз сезонава за „гладијаторите“, кои, претходно, оружјето го положија пред главните фаворити за титулата Вардар и Е. Пелистер.

Во следното коло, кое на програмата е на 24 октомври, ГРК Охрид дома го пречекува Металург.

Г.М.