Кадетите на ГРК Охрид загубија во полуфиналето од Ф4 турнирот, што се игра во салата „Билјанини извори“.
Претпладнево кадетите на ГРК Охрид загубија од врсниците од Бутел 24:33.
Во второто полуфинале, во драматична завршница кадетите на Алкалоид го совладаа Пролет 35:32 по изведување на пенали. Во регуларниот дел мечот заврши 31:31.
Охрид од 17:30 ќе игра за третото место на Ф4 турнирот со Пролет. Во финалето од 20 часот ќе се сретнат Бутел и Алкалоид.
Г.М.