Како ќе се памети ликот на наскоро поранешниот американски претседател Џорџ Буш? На многумина ќе им остане во сеќавање колку по политиката која ја водеше, толку и по гафовите и смешната страна со која ја развеселување светската јавност.
Но, досега не видениот портрет на Буш, кој американскиот претседател лично го промовира, го прикажува Буш како стои во белата куќа и гледа напред, прилично опуштен и како да се воздржува од смеење.
Буш со овој портрет како да порачува, „Сакам да ме запомнат како сериозен претседател, а не како автор на најпознатите намигнувања“.
Портретот на Буш го наслика Марк Кардер во септември оваа година, а за изработка на портретот прегледал стотици фотографии од Буш, како би „впил“ што повеќе детали.
„Со обзир на тоа кој беше моделот, Марк направи одлична работа“ – изјави во негов стил Џорџ Буш.