„Македонија треба да го заземе своето место во НАТО што е можно побрзо“, рече американскиот претседател Џорџ Буш во говорот на плоштадот Св. Марко во Загреб. Буш во говорот пред неколку илјади граѓани, како и државните раководства на Хрватска, Македонија и Албанија, изрази жалење што НАТО не и врачи покана на Македонија на самитот во Букурешт, само поради нејзиното име.
„Македонија спроведе тешки реформи во земјата и придонесува значајно во мисиите на НАТО во странство. За жал, поканата за Македонија беше одложена поради несогласувањето околу нејзиното име. Во Букурешт, сојузниците во НАТО се согласија дека штом ова прашање биде решено, на Македонија ќе и биде упатена покана“, рече Буш .
На покана на американскиот претседател Џорџ Буш кој престојуваше во официјална посета на Хрватска, македонскиот државен врв денеска присуствуваше на средбата на лидерите од Јадранската група. Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски имаа заедничка средба со премиерите на Албанија и Хрватска, Сали Бериша и Иво Санадер.
Буш ја охрабри Македонија и во во Загреб
Албанија и Хрватаска на самитото на НАТО во Букурешт добија покани за членство во алијансата додека Македонија извиси заради грчкото вето. Американскиот претседател Џорџ Буш кој силно ја подржува Македонија, по неуспехот во Букурешт изјави дека земјава за САД веќе е членка на алијансата и дека проблемот со името може да се реши. Како еден вид привремена компензација САД во наредните десетина дена ќе потпишат специјален билатерален договор со Македонија со кој ќе ја гарантираат безбедноста на земјата. САД ја охрабруваат Македонија да продолжи на патот на реформите и да го реши проблемот со името со Грција во што тие ќе помогнат.
САД ќе ја гарантираат безбедноста на земјава
По неуспехот на самитот во Букурешт се огласи и претседателството на Европската унија кое и сугерираше на Македонија да не се откажува од пристапувањето кон ЕУ. Одлуката од Букурешкиот самит не треба да ја доведува во прашање европската иднина на земјата, се наведува во изјавата од словенечкото претседателство со ЕУ. Во изјавата се повикува Македонија да ги „интензивира реформите со цел да ги исполни условите неопходни за отворање пристапни преговори со ЕУ во втората половина од годинава“.
ohridnews