Џорџ Буш во последен период веројатно има премногу слободно време, а една железара од Далас сериозно се загрижила за поранешниот претседател на Америка, па му понудила работа како домаќин.
Познат како човек кој прифаќа шега на своја сметка, Буш ја посетил железарата изјавувајќи: „Барам работа“.
Сопственикот на железарата во Далас неодамна во весник објавил оглас дека му нуди работа како домаќин на поранешниот претседател на Америка.