Одбојкарките се познати по своите витки тела и оскудните дресови, а кога станува збор за одбојка на песок (плажа) нивните адути доаѓаат до полн израз.

Предностите на одбојка на песок денес во Пекинг ги откриваше и претседателот на САД Џорџ Буш, кој посебно внимание им посвети баш на одбојкарките.

Освен што ги следеше, играше со нив, проверуваше какви тетоважи имаат, репрезентативката Мисти Меј Тринор дури и го повика претседателот да ја „плесне“ по  долниот дел од грбот, што всушност претставува спортски потик во одбојката. Буш со задоволство го стори тоа, но и одбојкарките не му останаа должни, и тие ги положија своите дланки на претседателот, така да од тоа плескање на кошулата од Буш останаа песочни отисоци од дланките на репрезентативките. Како ли Буш ќе се оправда пред првата дама?