Составите на Бурнмаут и Астон Вила немаат намера да се откажат и да кренат бело знаме во битката за осптанок во Премиер лигата. Двете екипи на домашен терен забележаа победи кои ги оставаат во игра до крајот на првенството. Бурнмаут славеше против Лестер 4-1, додека Астон Вила го совлада Кристал Палас.

На три рунди од крајот на Премиер лигата, Бурнмаут заостанува три бодови додека Астон Вила четири во однос на Ватфорд кој се наоѓа на 17-та позиција.

Резултати:

Вулверхемптон – Евертон 3-0

Астон Вила – Кристал Палас 2-0

Тотенхем – Арсенал 2-1

Бурнмаут – Лестер 4-1

OhridNews