Предлог одлуките за утврдување Нацрт детален урбанистички план за стариот дел од градот, за донесување детални урбанистички планови за просторите околу основното музичко училиште и  стариот расадник – наспроти “Охридски комуналец” беа усвоени на денешната 63 седница на советот на општина Охрид. Содржините од урбанистичката сфера предизвикаа негодување кај дел од советниците, пред се, од редовите на ВМРО-НП, а советникот Томе Гиноски ја напушти седницата образложувајќи дека се работи за, како што рече, спорни точки по кои не може да расправа како кандидат за иден градоначалник на Охрид.

Градоначалникот Александар Петрески рече дека донесувањето на урбанистичките решенија е  од интерес на сите граѓани и оти нема причина  да не се усвојат урбанистичките планови на кои секторот за урбанизам работеше четири години.

На  дневен  ред од 63-тата седница се најдоа и извештајот за  работењето на одделението за даноци  за минатата година,секторот за јавни работи и реализацијата  на програмата  за поддршка  на локалниот  економски  развој  и поттикнување  на развојот на туризмот.

Советниците ги разгледаа и ги прифатија извештајот и програмата за работа на јавното претпријатие „Охридски комуналец“, извештаите за безбедноста во сообраќајот  , за работата на полициската станица , противпожарната  единица, како  и за општинскиот советот за безбедност  во сообраќајот .

Ohridnews